Светските шампионки во фудбал ќе ги предводи Македонецот Андоновски

177

Македонецот Влатко Андоновски (42), тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ ќе биде новиот селектор на светските шампиони во фудбал, женската репрезентација на САД. На функцијата тој ќе ја наследи Џил Елис која ги предводеше Американките до две светски титули. 

Андоновски, кој играше во Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар како фудбалер, од 2000 година живее во САД каде што играше за Вичита вингс и Канзас Сити кометс, пред да почне да работи како помошник во женскиоттим на Канзас Сити.

Македонецот ги предводеше Канзас Сити до две лигашки титули во 2014 и 2015 година, пред тимот да престане да функционира и да се пресели во Рејн ФЦ. 

Во Рејн, тој е тренер на ѕвездата на американскиот фудбал, Меган Рапино, која вели дека тој е вистинскиот човек за таа позиција. 

– Најдобрата работа за него е тактичката флексибилност и разбирањето на фудбалот. Не се обидува да игра само еден стил и да е тврдоглав. Сака да победува и знае да поставува тактика – вели Рапино. 

На клупата на САД, Андоновски ќе дебитира наредниот месец во пријателските натпревари со Шведска и Костарика.