Пријателски меч помеѓу ветераните и селекцијата на слепи и слабовидни шахисти

146
Мо­мент од при­ја­тел­ски­от двoмеч

Из­бра­ни­от тим ша­хов­ски ве­те­ра­ни, пред­во­де­ни од велемајсторот Дра­го­љуб Ја­ќи­мо­виќ во својс­тво на ка­пи­тен, ја сов­ла­даа со 8,5-3,5 ма­ке­дон­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја­та на сле­пи и сла­бо­вид­ни ша­хи­сти, пред­во­де­на од ка­пи­те­нот Ко­це Ди­мов. Дво­ме­чот се одигра во Скоп­је, со тем­по на раз­мис­лу­ва­ње од 50 ми­ну­ти плус 10 се­кун­ди за се­кој одигран потег, по ини­ци­ја­ти­ва од ве­те­ра­ни­те, а во ор­га­ни­за­ци­ја на ШК 13 Но­ем­ври.

Во пр­ви­от меч ве­те­ра­ни­те сла­веа со 4-2, а во вто­ри­от со 4,5-1,5. За ве­те­ра­ни­те играа ИМ Ди­ми­тар Или­ев­ски, ФМ Љу­бо­мир Ха­џиMанев, Или­ја Сто­шев­ски, ФМ Љу­бо­мир Илиќ, ФМ Але­ксан­дар Кра­лев­ски, Ми­ле Трај­ков­ски и Ми­рос­лав Ива­нов­ски. За се­лек­ци­ја­та на сле­пи и сла­бо­вид­ни ша­хи­сти на­ста­пи­ја Жар­ко Сел­ков­ски, Зо­ран Ко­ста­ди­нов­ски, Мус­ли Па­ја­зи­ти, Хам­ди Џе­ма­ил, Бла­же Ата­на­сов­ски и Ли­ман Ли­ма­ни.

– Ша­хов­ски­те ве­те­ра­ни на Ма­ке­до­ни­ја, кои на­ско­ро ќе фор­ми­ра­ат и ша­хов­ски клуб, ја под­др­жу­ва­ат ва­ква­та ини­ци­ја­ти­ва за оди­гру­ва­ње при­ја­тел­ски ме­че­ви, за репрезентација­та на Ма­ке­до­ни­ја за сле­пи и сла­бо­вид­ни ша­хи­сти да би­де што поподготве­на пред на­ста­пи­те на го­ле­ми­те нат­пре­ва­ру­ва­ња, ка­ко што се европ­ски­те и свет­ски­те пр­венс­тва и ша­хов­ски олим­пи­ја­ди – ве­ли Сто­шев­ски. Г.И.