Првпат во НХЛ, конференциските прваци елиминирани во првата плејоф-рунда!

64

Првпат во историјата на најквалитетната канадско/американска хокеарска лига (НХЛ), се случи прваците на Источната и на Западната конференција во регуларниот дел, Тампа беј (ефект од рекордни 62 победи и 20 порази) и Калгари (50-32, исто конференциски рекорд), да бидат елиминирани уште во првата рунда од разигрувањето за титулата и за освојување на Стенли-купот.

Во четврт-финалето во Истокот, Колумбус го „преслуша“ Тампа беј победувајќи го со 4-0, а на Западот Колорадо беше подобар од Калгари, 4-1. За Колумбус ова е прв плејоф-триумф во клупската историја, а за Колорадо прв по 2008-та.

Почнувајќи од сезоната 1967/68 па наваму имало повеќе промени на плејоф-форматот, но ниту еднаш не се случило уште во првата рунда да бидат елиминирани двете најдобри екипи.