Почина легендата на Формула 1, Ники Лауда

264

На 71 годишна возраст почина легендата на Формула 1, Ники Лауда.

-Со длабока тага објавуваме дека нашиот сакан Ник, во понеделникот, почина мирно во кругот на семејството. Неговите единствени достигнувања како спортист и бизнисмен ќе останат незаборавни. Тој е пример за сите нас, беше добар и грижлив сопруг, татко и дедо. Ќе ни недостига-порача семејството на Лауда во соопштението што го објавија медиумите во Австрија.

Ники Лауда е трикратен Ф1 шампион. Титулите ги освојувал во 1975, 1977 и 1984 година. Во кариерата возел на 171 трка за Марч, БРМ, Ферари, Брабхам и Мекларен.

Здравствени проблеми, Лауда има уште од 1976 година кога имаше тежок инцидент на трката во Хокенхајм. Тој тогаш бил цела минута заробен во болидот кој се запали. Се здоби со изгореници на лицето, а исто така вдишал токсични материи. Сето тоа у предизвикало понатамошни здравствени проблеми и две трансплантации на бубрезите во 1997 и 2005 година.

Во 2018 година легендарниот Лауда имал трансплантација на белите дробови, а поради белодробна инфекција бил хоспитализиран.