Популарниот „носач на ковчези“: Би било чест да го однесам Роналдињо во гроб!

654

Бенџамин Ајду, човекот зад едно од најпопуларните Интернет-мемиња во 2020 година вели дека би бил почестен да го однесе Роналдињo во „неговиот вечен дом“.

Ајду е основач на „Нана Отафриџа“ компанијата во Акра, Гана од 2007 година, и неочекувано оваа година стана Интернет сензација со видеата на кои ги носат ковчезите на починатите со музика и танц.

– Некои луѓе веќе не сакаат само да плачат на погреб. Некои плачат, но ние сакаме да ги направиме среќни со нашата работа – вели Ајду за „Фут меркато“.

Како навивач на Барселона и Челси, тој призна дека би бил почестен да го однесе во гроб Роналдињо.

– Секако, на сите им посакувам долг живот, но ако имам шанса, сонувам да го однесам Роналдињо до последниот дом. Потоа Марадона, па Меси. Роналдињо секогаш ме импресионираше. Тоа би било чест од мене како танчар до него како танчар на фудбалскиот терен – вели Ајду.

И покрај љубовта за Барселона, тој има само презир за Луис Суарез, Уругваецот кој ја елиминираше Гана на СП во 2010 со играњето со рака за да спречи сигурен гол.

– Тука сум поделен. Срам ми е . Кога ќе го видам неговото име, станувам тажен. Поради неговата рака, мојата Гана се врати дома без да игра во полуфинале. Тука имаме поговорка за Суарез: Името Суарез значи невозможно. Ако нешто треба да направиш и тука е Суарез, тоа не можеш да го комплетираш – додава Ајду.