Победена и фаворизираната Словенија, Македонија е на чекор до европско осминафинале

567

Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во спортската сала Стожице“ во Љубљана, во рамките на 5-то коло на Европското првенство (ЕП) во Словенија, оствари уште една сензационална победа. Во групата Ц по голема борба беше совладан домаќинот Словенија со 3-1 (26-24, 30-28 и 19-25 и 26-24).

Со овој втор триумф црвено-жолтите сега имаат вкупно шест бода и се на чекор до пласман во осминафиналето, кое продолжува да се игра во Франција.

Ако селекцијата на Белорусија ја совлада Турција, тогаш избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ, уште вечерва сигурно ќе продолжат во осминафиналната фаза во Франција,

Првите четири селекции од групата Ц одат понатаму на ЕП. Македонија го заврши својот деби-настап во својата група во Љубљана со две победи и три порази.

ТАБЕЛА, ГРУПА Ц

Русија 4 4 0 12-2 12

Словенија 4 3 1 10-4 9

Македонија 5 2 3 7-11 6

Финска 4 1 3 6-10 4

Турција 3 1 2 4-6 3

Белорусија 4 1 3 5-11 2