Отсуството на Нејмар навестува негово заминување од Париз?

135

Нејмар нема да биде во составот на Пари Сен-Жермен за дуелот од Лига 1 против Ним, откако од Франција доаѓаат вести дека „преговорите за трансфер се најзасилени досега“.

Бразилската суперѕвезда бара трансфер од ПСЖ и претпочита да се врати во Барселона, додека постојат шпекулации оти Реал Мадрид подготвува понуда за него. Според последните информации претседателот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи е подготвен за договор ако се постигне „вистинска“ цена за 27-годишниот напаѓач.

Нејмар полека се враќа во форма по повредата на скочниот зглоб поради која не играше за шампионскиот тим на Бразил кој ја освои Копа Америка.

Сега, спортскиот директор Леонардо потврдува дека тој нема да биде подготвен за првиот меч од новата сезона и француските медиуми го цитираат дека има „напреднати“ преговори.