Осуммина се пласираа во следната рунда

150
Данил Дубов

ИНТЕРНЕТ-ТУРНИР ВО ЗАБРЗАН ШАХ

Магнус Карлсен, Весли Со и Хикару Накамура со по 6,5 поени, Јан Непомнијашчи и Тимур Раџабов, со по 6, Левон Аронијан со 5,5 поени, Максим Вашиер-Лаграв и Данил Дубов со по пет поени, се осумтемина шахисти што ја поминаа прелиминарната фаза по третиот натпреварувачки ден на шаховскиот интернет-турнир во забрзан шах „Аиртингс“. На турнирот (партиите се играат со темпо на размислување двапати по 15 минути, плус 10 секунди по секој потег) се одиграа 11 кола во три натпреварувачки дена.

Овој турнир е продолжение на турнејата на шампионите на Магнус Карлсен. Се состои од 10 турнири што се одржуваат во текот на 10 месеци, а наградниот фонд од еден милион долари е зголемен на 1,5 милион долари. Има шест регуларни турнири, три посебни (овој е првиот од тие три), како и финалиња што се играат од ноември годинава до септември 2021 година. На првиот турнир од новата серија турнири, Американецот Со го победи во финалето Карлсен.