Одбојкарите пречекани со песни и трубачи

390

Македонската одбојкарска репрезентација пристигна попладнево во Скопје по завршувањето на настапите на Европското првенство во Словенија.

И покрај пропуштената шанса за осминафинале, одбојкарите оставија позитивен впечаток со двете победи против Белорусија и домаќинот Словенија, па во Скопје беа пречекани од бројни обожаватели, но и песна и трубачи од оркестарот „Џамбо Агушев“.