Нишикори го доживеа најтешкиот пораз во кариерата

160

Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон е на чекор од полуфиналето на завршниот АТП турнир во Лондон во групата „Лејтон Хјуит“, откако во второто коло го декласираше Кеј Нишикори.

Андерсон славеше со 6:0, 6:1.
 
Натпреварот траеше повеќе од еден час, а Јужноафриканецот му го нанесе најтешкиот пораз во кариерата на Јапонецот, кој освои само еден гем.
 
Нишикори оствари негативен рекорд помалку од два дена откако го победи третиот играч на светот Роџер Федерер во два сета, што пак беше еден од најголемите триумфи во неговата професионална кариера.
 
Со убедливата победа Андерсон дополнително ја искомплицира ситуацијата во групата „Лејтон Хјуит“, бидејќи тој сега има скор од 2-0, пред Нишикори со победа и пораз, додека по еден пораз имаат Роџер Федерер и Доминик Тим, кои играат од 21 часот.
 
Федерер со пораз може да биде елиминиран уште по две кола, додека победникот на средбата ќе има голема шанса да се најде во полуфиналето.