Николовски, Тиличеев и Златановиќ на чекор до триумф на „Опен Скопје 2019“

185

Македонскиот интернационален мајстор (ИМ) Никола Николовски (2.435 рејтинг-поени), ИМ од Русија, Вјачеслав Тиличеев (2.493, рангиран прв) и ИМ од Србија Борољуб Златановиќ (2.365), се на чекор до конечен триумф на меѓународениот шаховски турнир „Опен Скопје 2019“, кој се игра во х. „Континентал“. Во пресрет на последното 9-то коло, кое е на прoграмата утре (17 часот), сите тројца имаат по 6,5 бода. Следат ФМ Тони Лазов (2.414) и Белгиецот Стивен Ванден Буше (2.074) со по 6 поени.

Дерби-дуелот на првата табла во денешното 8-мо коло помеѓу Тиличеев и искусниот ВМ и актуелен селектор на македонската машка репрезентација, Роландо Кутиров (2.308), заврши со победа на рускиот шахист, додека на втората табла значаен поен освои Николовски, кој со црни фигури го совлада пријатното изненадување на турнирот, Горан Главинац. Маратонската партија од речиси пет часа, помеѓу ВМ Звонко Станојоски (2.457) и младиот ФМ Тони Лазов (2.414), која беше и последна на денот, заврши со реми по голема борба.

На турнирот учествуваат 77 шахисти (три ВМ, три ИМ, шест ФМ, еден ЖФМ) од Србија, Русија, Белгија, Албанија, Бугарија и од Македонија.

ПОЗНАЧАЈНИ РЕЗУЛТАТИ, 8-МО КОЛО

ИМ Тиличеев (Русија, 2.493) – ВМ Кутиров (Македонија 2.308) 1-0
Главинац (Македонија, 2.069) – ИМ Николовски (Македонија, 2.435) 0-1
ВМ Станојоски (Македонија, 2.457) – ФМ Лазов (Македонија, 2.414) реми
ИМ Златановиќ (Србија, 2.365) – ФМ Чела (Албанија, 2.236) 1-0
ФМ Кралевски (Македонија, 2.119) – Ванден (Белгија, 2.074) 0-1
Ристески (Македонија, 2.104) – ВМ Димитров (Бугарија, 2.285) реми
Ефтовски (Македонија, 2.068) – Јанков (Македонија, 2.175) 0-1
Тркаљанов (Македонија, 2.125) – Илиева (Бугарија, 1.600) 1-0
Велјаноски (Македонија, 2.029) – ФМ Љ.Илиќ (Македонија, 2.079) 0-1
ФМ Качаковски (Македонија, 2.073) – Стошевски (Македонија, 1.980) 1-0
Спасов (Македонија, 1.744) – Христовски (Македонија, 2.139) 1-0

Г.И.