Николовски може да го подобри ланскиот пласман на СП

108

По шест кола (од 11), тој на СП во Турција е 63. меѓу 165 шахисти, а лани во Норвешка на јуниорскиот мундијал беше 81. меѓу 148 играчи

Младата македонска шаховска надеж, интернационалниот мајстор (ИМ) Никола Николовски (2.388 рејтинг-поени), по шест кола од предвидените 11 на Светското првенство (СП) во шах за јуниори во Кочаели (Турција), со 3,5 поени е на 63-то место. Николовски (рангиран 63-ти пред СП), кој е единствениот Македонец во конкуренција на 165 шахисти (25 ВМ, 40 ИМ, 55 ФМ), од 59 држави, засега оствари три победи, два пораза и едно реми и минусира 3,2 рејтинг-поени.

Тој цел поен освои во дуелите со Турците Анил Ердоган (2.083, рангиран 145-ти) и Сиар Jаран (2.271, рангиран 115-ти) и со Израелецот Александер Златин (2.321, рангиран 99-ти). Николовски загуби од ерменскиот ВМ Арам Накобијан (2.554, рангиран 18-ти) и ФМ од Шри Ланка, Тхилакаратхе (2.238, рангиран 125-ти), а ремизира со ИМ од Ангола Давид Силва (2.223, рангиран 128-ми). Во водство се ВМ од Иран Пархам Магшодло (2.649, рангиран прв) и ИМ од Узбекистан Јавохир Синдаров (2.484, рангиран 38-ми) со по 5,5 поени.

Николовски и лани играше на СП (во Норвешка), но како ФИДЕ-мајстор (ФМ) и по 11 кола го освои 81-то место со 5,5 поени (четири победи, три ремија и четири порази). Во конкуренција на 148 шахисти, Николовски беше рангиран 58-ми, загубувајќи на крајот 10,4 рејтинг-поени. Тогаш настапиле 26 ВМ, 44 ИМ, 27 ФМ…