Не­пом­ни­јаш­чи и Ванг поч­наа со по­бе­ди

70

Ру­си­нот Јан Не­пом­ни­јаш­чи (2.774 реј­тинг-по­е­ни) и Ки­не­зот Хао Ванг (2.762) осво­и­ја по цел по­ен во пр­во­то ко­ло на Тур­ни­рот за кан­ди­да­ти­те за пре­диз­ви­ку­вач на свет­ски пр­вак во шах Маг­нус Карл­сен, кој до 3 април се игра во Ека­те­рин­бург (Ру­си­ја), во 14 ко­ла.

Хо­лан­ѓа­не­цот Аниш Ги­ри (2.763) му соз­да­де те­шко­тии во отво­ра­ње­то на Не­пом­ни­јаш­чи, но ко­га не­го­ви­от ри­вал ре­а­ги­ра­ше до­бро, Ги­ри поч­на да игра ло­шо, мо­ра­ше да ја да­де и кра­ли­ца­та за топ и за ло­вец, па за­гу­би во 73-от по­тег.

Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­а­но Ка­ру­а­на (2.842) има­ше ма­ла пред­ност про­тив Фран­цу­зи­нот Ма­ксим Ва­шер-Ла­грав (2.767), но, се­пак, не го нај­де па­тот до по­бе­да­та. Ру­си­нот Але­ксан­дар Гриш­чук (2.777) има­ше до­бра по­зи­ци­ја про­тив со­на­род­ни­кот Ки­рил Але­ксен­ко (2.698), но во за­е­мен не­до­стиг од вре­ме, пот­пи­шаа при­мир­је. За мно­гу­ми­на пр­ви­от фа­во­рит, Ки­не­зот Динг Ли­рен (2.805) вр­ше­ше по­сто­јан при­ти­сок про­тив Ванг, но во за­врш­ни­ца­та на­пра­ви две гре­шки и за­гу­би, што прет­ста­ву­ва из­не­на­ду­ва­ње.

На прет­ход­ни­те два ва­кви тур­ни­ра (во Мос­ква во 2016 го­ди­на и во Бер­лин во 2018-та) има­ше по еден ша­хист што не бе­ше по­ра­зен. Во Мос­ква тоа бе­ше Ги­ри, а во Бер­лин, Ли­рен, кои се­га, со бе­ли фи­гу­ри, поч­наа со по­ра­зи.

ЗАНИМЛИВОСТИ ОД ШАХОВСКАТА АРЕНА

Але­ксан­дар Гриш­чук по­ба­ра обич­но стол­че за се­де­ње, ве­леј­ќи де­ка спе­ци­јал­но уре­де­ни­те фо­тел­ји се прем­но­гу удоб­ни. Тој и Ки­рил Але­ксен­ко беа единс­тве­ни­те ри­ва­ли што се ра­ку­ваа пред пар­ти­ја­та, а до пр­ва­та вре­мен­ска кон­тро­ла (40 по­те­зи) имаа по 10 ми­ну­ти за пре­о­ста­на­ти­те 23 по­те­зи. По­чет­ни­от по­тег по­ме­ѓу Динг Ли­рен и Хао Ванг, кур­то­аз­но го оди­гра пре­тсе­да­те­лот на ФИДЕ, Ар­ка­диј Двор­ко­вич, а по­ме­ѓу Аниш Ги­ри и Јан Не­пом­ни­јаш­чи, 12-от свет­ски пр­вак, Ру­си­нот Ана­то­лиј Кар­пов.     Г.И.