На кадетското ЕП во Скопје над 700 борачи

1032

Младиот македонски борач Бесир Алили (до 45 кг) ја извојува првата победа за Македонија на Европското кадетско првенство (ЕП) во борење, во слободен стил, грчко-римски стил и во борење за мажи и жени, кое до 20 мај се одржува во СЦ „Кале“ во Скопје, во конкуренција на повеќе од 700 натпреварувачи.

Со победата со технички туш над босанскиот репрезентативец Кенан Чустовиќ, Алили си обезбеди место во четврт-финалето.
Покрај Алили, за Македонија на ова ЕП ќе настапат уште четворица борачи: Идриз Идар (до 51 кг), Давид Мишев (до 60 кг), Реџеп Хајдари (до 71), Јусуф Пајазити (до 92 кг). 


Распоред на вчерашните попладневни борби:

до 45 кг – Бесир Алили – Кенан Чустовиќ (БиХ) 2-0
до 51 кг – Идриз Идар – Адем Бурак Узун (Турција)
до 60 кг – Давид Мишев – Симоне Пироду (Италија)
до 71 кг – Реџеп Хајдари – Доминик Мезеи (Унгарија)
до 92 кг – Јусуф Пајазити – Данило Стасиук (Украина).