Најтрофејната тениска двојка заминува во пензија

358

Американските тенисери, браќата близнаци Боб и Мајк Брајан, кои во својата кариера освоиле рекордни 16 гранслем-титули во игра на двојки, соопштија дека по завршувањето на Отвореното првенство на САД, следната година во Њујорк, и официјално ќе ја завршат својата кариера на 42-годишна возраст. Браќата Брајан заедно славеле на 118 турнири, меѓу кои 39 од серијата мастерс, еднаш победиле во Дејвис-купот (2007 година), имаат бронзен медал од Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, а 10 пати годината ја завршувале на првата позиција.

– Мајк и јас решивме да ја завршиме сезонава по Отвореното првенство на САД, иако знаевме дека имаме големи шанси да се пласираме и на завршниот турнир на годината во Лондон, кој е во тек. По долги разговори, сепак, решивме дека најдобро ќе биде да се одмориме пред подготовките за 2020 година, која за нас ќе биде и последна на АТП-турнирите. Благодарни сме за можноста дека успеавме да ги оствариме нашите сништа играјќи професионален тенис – наведе во своето соопштение Боб Брајан.