Минимален пораз на Гамбит Асеко СЕЕ

89
Шахистките на Гамбит (десно) на ЕКК

Шахистките на Гамбит Асеко СЕЕ (2.222, рангирани 11-ти пред турнирот), во четвртото коло загубија со 1,5-2,5 од српскиот претставник Јелица ПЕП (2.254, рангиран 9-ти), што е втор пораз на Европскиот клупски куп (ЕКК), во Улцињ, Црна Гора. Цел поен освои ИМ Нурѓул Селимова, ремизира ЖИМ Сандра Ѓукиќ, а загубија ФМ Белослава Крастева и Ивана Манова, која првпат настапи на ЕКК. Во 5-то коло Гамбит Асеко СЕЕ играше силната италијанска екипа Каиса Пентоле Анели (2.440, рангирана петта). Меѓу 14 екипи македонскиот претставник моментно е 11-ти со три бода (8,5 поени по табли), а водат Серкл д`чес од Монако и украински Киев со по седум поени.