Македонското знаме и Елмас на промоција на календар на Наполи

181

Иако ситуацијата во калчолигашот Наполи е далеку од идеално – клубот игра очајно во Серија А, го сменија и тренерот Карло Анчелоти, сепак пред неколку дена излезе во јавноста новиот календар за идната 2020 година во кој учествуваа фудбалерите.

За нас, секако, најинтересен момент од видео-промоцијата е делот во кој девојката од спотот со својот фустан го симболизира македонското знаме, а во тој момент во кадарот е македонскиот фудбалски репрезентативец – Елиф Елмас кој е член на клубот.

Погледнете каков промотивен календар креираа фудбалерите на Наполи: