Македонски маратонци истрчаа 171 километар околу Мон Блан

115

Македонците Игор Пирковски, Жикица Ивановски и Игор Јовановски го истрчаа ултрамаратонот околу Мон Блан долг 171 километар.

Македонските атлетичари на целта влегоа заедно и се пласираа на 357., 358. И 359. Место во конкуренција на околу 2.400 учесници.

На стартот се појавија уште двајца маратонците од нашата земја, Александар Симјаноски и Никола Цицоски, но тие не ја истрчаа делницата.

Ултра маратонот околу Мон Блан стартуваше во петокот.