Македонија ќе игра во Златната лига во одбојка?

74

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија в година можеби ќе се натпреварува во Златната европска лига, во која треба да играат 12 репрезентации. Одбојкарската федерација на Македонија вчера испрати официјална пријава за настап до Европската одбојкарска конфедерација, а до 17 декември, за кога е закажана ждрепката во Луксембург, ќе бидат познати и сите репрезентации што ќе играат во таа лига во мај и во јуни 2020 година.

Годинава во Златната лига победи Турција, која во финалето ја совлада Белорусија со 3-0, а третото место го освои Холандија по триумфот над Естонија, исто така, со 3-0. Покрај овие четири репрезентации настапуваа уште Белгија, Хрватска, Летонија, Шпанија, Чешка, Словачка, Финска и Украина.