Македонија стартуваше со победа на неофицијалното Светско првенство во хокеј

215

Македонската хокеарска репрезентација ја победи Ирска со 9:6 во првото коло на неофицијалното Светско првенство, Девелопмент купот, што се игра во Фусен, Германија.

Во динамичен натпревар во кој речиси целиот тек го контролиравме резултатот и бевме во водство, успеавме да ги надиграме Ирците кои важеа за фаворити.

Вечерва не очекува натпревар против Андора, додека утре ќе играме против Португалија.

За Македонија настапија: Владимир Илиевски, Рок Шарлохар, Рок Симшич, Лука Урбас, Нејц Турк, Андреј Василев, Давор Атанасов, Стефан Децковски, Самуел Наумовски, Дмитрији Прокудин, Кристијан Ташевски, Петар Трпески и Бојан Василковски.