Лина Ѓорческа го освои 10-от трофеј

151

Македонската тенисерка, која победи на турнирот во Анталија во поединечна конкуренција, има освоено вкупно 51 трофеј

Лина Ѓорческа е победничка на тенискиот турнир во Анталија (Турција), кој се играше на отворено, на тврда подлога, за награден фонд од 15.000 долари. Таа во финалето ја совлада Ирина Хромачева од Русија (трета носителка), со 6-3, 3-6, 6-1.

Ѓорческа, која беше втора носителка на турнирот, до финалето стигна без загубен сет. Вчера Ѓорческа одигра два натпревара, и тоа прво одложениот, полуфинален од саботата, во кој славеше со 6-3, 6-1 против Оона Орпана од Финска (петта носителка), а потоа следуваше дуелот за трофејот.

Со победата во финалето Ѓорческа ја освои јубилејната 10-та титула во поединечна конкуренција, прва годинава (има и пет титули во двојки). Македонската тенисерка досега во кариерата има освоено вкупно 51 трофеј (41 титула во двојки).
Со оваа победа се очекува Ѓорческа да напредува на ВТА-листата, на која минатата недела беше 436-та. 


ТИТУЛИТЕ ВО ПОЕДИНЕЧНА КОНКУРЕНЦИЈА

ГОД. МЕСТО ПОДЛОГА НАГРАДЕН ФОНД
2019 Анталија тврда 15.000
2017 Денаин земја 25.000
2016 Анталија земја 10.000
2016 Маниса земја 10.000
2016 Штутгарт земја 25.000
2015 Тарсус земја 10.000
2015 Врњачка Бања земја 10.000
2015 Анталија земја 10.000
2014 Варна земја 10.000
2012 Арад земја 10.000
Извор: ИТФ