Кугларите стартуваа со пораз од Полска на СП

64
Борис Бенедик

Македонската машка кугларска репрезентација стартува со пораз на Светското екипно првенство во чешкиот град Рокичани, откако во 1-то коло вчера загуби од соодветната селекција на Полска со 2-6 во сетови или 12,5-11,5 во поединечни поени, односно 3.607-3623 по бројот на вкупно соборени кегли.

Во македонскиот состав цел поен освоија Борис Бенедик и Ибрахим Мемеди/Александар Соколовски, додека загубија Бојан Влакевски, Сашо Трпковски, Дамир Фучкар и Димитар Димитровски.

Денеска во 2-то коло (8 часот), Македонија игра со Естонија. Македонија е во групата Б, а главни ривали се уште селекциите на Естонија, Чешка и на Србија, додека двете првопласирани селекции ќе се пласираат во четврт-финалето.
Најголемиот успех македонската репрезентација го остварила пред шест години (2013), кога во унгарскиот град Залаегерсег го освои сребрениот медал.