Кугларите со една победа и три порази си заминаа од СП

56
Бојан Влакевски

Македонската машка кугларска репрезентација, со три порази и една победа, се враќа од Светското екипно првенство (СП) во чешкиот град Рокичани. Избраниците на селекторот и играч Дамир Фучкар го загубија и последниот, четврти натпревар од актуелниот светски првак, Србија со 1-7 во поединечните дуели или 3.723-3.961 по бројот на вкупно соборените кегли. Единствената поединечна победа ја оствари Бојан Влакевски против Даниел Тепша (667-641 соборени кегли), додека Фучкар, Младен Донковски, Димитар Димитровски и Сашо Трпковски/Ибрахим Мемеди загубија.

Македонија, која по шест години повторно беше дел од едно СП, ја победи само Естонија, а загуби од Полска, Чешка и од Србија и со тоа не обезбеди четврт-финале, односно едно од двете места во групата Б и со тоа не го повтори успехот од СП во Залаегерсег, Унгарија, кога го освои сребрениот медал.

Поединечно од Македонците најмногу поединечни поени (3), освоија Борис Бенедик и Бојан Влакевски. Од групата Б понатамошен пласман обезбедија селекциите на Србија и на Чешка.

– Разочараност сепак постои оти не го покажавме она што го умееме. Сметам дека не беше до тежината на кугланата, таа беше добра, освен во 1-то коло кога не беше добро подготвена и ладна. Но, ние сме искусни мораше да се приспособиме на неа. Жал ми е што не обезбедивме четврт-финале, но ќе има можности за ново докажување. Лично сум задоволен од мојата игра – вели репрезентативецот Бојан Влакевски.