Кедев пред 10 години како трет Македонец стапна на Монт Еверест

492

Сашко Кедев е третиот Македонец (по Димитар Илиевски-Мурато во 1989 и Глигор Делев во 2007 г.), кој пред 10 години, на 19 мај 2009 година, го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри). Кедев е и единствениот Македонец што ги има искачено највисоките врвови на сите седум континенти.

– Сите сакаме да ја најдеме вистината. Патот до вистината е долг, неизвесен и полн со ризици, без кратенки. Но, на крајот кога ќе ја најдеме, разбираме дека не можеме да го избегнеме страдањето – ќе прокоментира Кедев.
По повод 10-те години од искачувањето на Монт Еверест, мај 2009/2019, Кедев во малата сала на Македонската филхармонија, на 28 мај, ќе одржи презентација насловена „На врвот на светот и потоа“.