Квалификации за ЕП: Македонија победена од Чешка

309

Женската ракомента репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз во квалификациите за Европското првенство, откако денеска загуби на домашен терен во салата Борис Трајковски од селекцијата на Чешка со 37-29. 

Во текот на 40 минути имаше неколку израмнувања, македонските ракометарки играа солидно во првото полувреме, со серија од 4-0 во финишот дојде до нерешен резултат од 14-14 на одморот.

По провите десет минути од второто полувреме, гостинките од Чешка поведоа со разлика од 4 голови, и со тоа водство играа до крајот на натпреварот кој заврши со резултат 37-29.   

Следниот натпревар Македонија го игра на гости на 25 март следната година во Португалија.