Каратистите денес и утре на татамите во Мадрид

106
Драгана Манговска (десно) во акција

Емил Павлов (категорија до 60 кг), Петар Заборски (до 75 кг), Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Виктор Крстевски (сите до 84 кг), Драгана Манговска (до 50 кг), Симона Заборска (до 55 кг), Ангела Мојсовска (до 68 кг), сите во борби и Фери Исиќ и Пуликсенија Јованоска во кати, се македонски каратисти кои денес и утре ќе бидат дел од седмиот годинашен турнир во Премиер-лига во Мадрид, каде што ќе настапат по 64 најдобри каратисти во секоја категорија.

– Моите очекувања од настапот во Премиер-лигата во Мадрид се големи. Се надевам дека ќе стигнам до тој посакуван резултат во сабота, затоа што сум подготвен 100 отсто. Нормално, при тоа ќе ми биде потребна и спортска среќа – вели искусниот Берат Јакупи, кој на олимпискта листа моментно е 34-ти, со 1.575 бода и има шанси да биде дел од ЛОИ во Токио.

Турнирот е мошне значаен за оние каратисти што бркаат бодови за пласман на ЛОИ во Токио в година, а на кои ќе настапат по 10 каратисти во секоја од трите категории во борби и по една во кати во обете конкуренции. За послабопласираните пак, одличен тест за големите натпреварувања кои ги очекуваат во иднина.

– Се надевам на добар настап, да го дадам максимумот и да прикажам квалитени борби на татамите. Овој турнир во Мадрид претставува и темпирање на мојата форма, а главниот акцент сепак е ставен на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниоти (до 21 год.), што ќе се одржи во почеток на февруари – потенцира каратистката на Металург, Драгана Манговска.

Во Мадрид се пријавени 772 натпреварувачи во борби и во кати од 421 клуб, од 89 држави.

– Очекувам добар настап, добри борби и проверка на моментната форма, бидејќи за неколку месеци ме очекува државното првенство кое и ќе одлучи, кој ќе ја претставува Македонија на ЕП. А, токму главниот акцент го ставам на тоа претстојно првенство – вели Виктор Крстевски.

Емил Павлов е најдобропласиран македонски каратист на ноемвриската олимписка ранг-листа. Тој во својата категорија е 25-ти со 2.092,5 бода,

Г.И.