ИОК бара нови боксерски судии за ЛОИ 2020

24

Ниту еден од 36-те судии и контролори, кои ја делеле правдата на боксерскиот турнир на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Рио де Жанеиро во 2016 година, нема да суди на ЛОИ 2020 во Токио, соопшти работната група на Интернационалниот олимписки комитет (МОК), објави Би-би-си. Голем дел од тие судии и контролори биле испратени дома пред завршувањето на ЛОИ во Рио, поради повеќе одлуки за време на турнирот, пишува Би-би-си. За ЛОИ во Токио судии и контролори ќе се избираат од лиценцирани официјални лица на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА).