Дрес на Бејб Рут продаден за рекордни 5.64 милиони долари

39

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк во саботата се платија неверојатни 5.64 милиони долари.

Бејб Рут, идеализиран во толку многу американски филмови, книги и приказни, го има и второто место на вечната листа, откако еден друг негов дрес на Њујорк јенкис во 2012 беше продаден за 4.4 милиони долари.


 

Дресот кој се продаде во саботата беше носен од Рут од 1928 до 1930 година, периодот во кој тој стана вистинска суперѕвезда. Идентитетот на купувачот и на продавачот не е објавена.

Бејб Рут беше спортска икона на почетокот на 20-тиот век, поминувајќи 22 сезони во МЛБ лигата, освојувајќи седум титули од Светската серија со Бостон ред сокс и Јенкис пред да се пензионира во 1935 година.