Главинац го изненади велемајсторот Станојоски

418

Горан Главинац (рејтинг 2.069) го направи најголемото изненадување во 6. коло на меѓународениот шаховски турнир „Опен Скопје 2019“, кој во девет кола се игра во Скопје, победувајќи го поранешниот долгогодишен репрезентативец и повеќекратен првак на Македонија, велемајсторот Звонко Станојоски (2.457). Дербито на првата табла помеѓу водечките ИМ Никола Николовски (2.435) и ФМ Тони Лазов (2.414) заврши мирољубиво.

Тоа го искористија рускиот ИМ Вјачеслав Тиличеев (2.493, рангиран прв на турнирот) и ИМ од Србија, Борољуб Златановиќ (2.365), да ги стигнат водечките. На три кола до крајот најдобропласирана шахистка од вкупно седум, е Катерина Петровска (1.950), која со четирите поени е на 19-то место.

Позначајни резултати од 6. коло:
ИМ Николовски – Лазов реми, ИМ Тиличеев – ФМ Кралевски 1-0, Главинац – ВМ Станојоски 1-0, ИМ Златановиќ – Живковиќ 1-0, Ефтовски – ВМ Кутиров 0-1, Велјаноски – ВМ Димитров 0-1, Ристески – ЖФМ Тончева 1-0 итн.

Г.И.

Петровски најмлад, а Хаџи-Манев најстар учесник

На шаховскиот турнир „Опен Скопје 2019“ учествуваат вкупно 77 натпреварувачи, од кои седум се шахистки. Најмлад учесник е Никола Петровски (7), а најстар е ФМ Љубомир Хаџи-Манев (75), кој моментно е 16-ти со четири поени. Засега најмногу рејтинг-поени освои 14-годишниот Стојан Велковски (117,2), кој со 3,5 поени е на 28-то место.

На турнирот досега се одиграни вкупно 219 партии. Во нив белите фигури славеле во 91-на, а црните во 79 партии. Без победник завршиле 47 партии, додека осум дуели не се одиграле.

Г.И.