Гири во армагедон-шах го елиминира Најер од Светскиот куп

73

Од вкупно 15 тајбрек-дуели во второто коло на Светскиот куп во шах во Канти Мансијск 13 завршија по само две партии, еден дуел се играше во шест, а еден во максимални седум дополнителни партии со забрзано темпо на игра. Регуларно се играат две партии во класичен шах, а ако е нерешено следува „забрзаниот“ тајбрејк. Т.н. армагедон-партија, пак, во која има пет минути време за играчот со бели фигури, а четири за шахистот со црни фигури, во која со реми победува црниот, беше играна помеѓу европскиот првак од 2015 година, Евгениј Најер и Аниш Гири и заврши со 4-5.

Во 3-то коло се пласираа и Лирен Динг, Лениер Домингез, Александар Гришчук, Тимур Раџабов, Петар Свидлер, Ју Веи, Елтај Зафарли, Димитри Јаковенко… Финалистите ќе се пласираат на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак, Магнус Карлсен.