Георгиевски е за 12 места поблиску до Токио

86

Македонскиот таеквондист Дејан Геогиевски е сѐ поблиску до настап на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио в година. Според најновата ранг-листа за март, тој напредуваше и на светската (категорија над 87 кг) и на олимписката листа (над 80 кг) во однос на минатиот месец.

На светската листа тој скокна четири места и е на 24-то место, со 87,82 поени. Поголем скок од 12 места впиша на олимписката листа и е 39-ти со вкупно 86,62 бода. На светската ранг-листа води Русинот Владислав Ларин со 583,07 бода, а на олимписката прв е Кореецот Куо-дон Ин со 368,54 поени.

Овој напредок најмногу се темели на неговиот успех на турнирот во Турција, каде што го освои првото место.

Конкуренцијата за настап во Токио е голема, уште повеќе ако се знае дека на ЛОИ има четири тежински категории (до 58 кг, до 68 кг, до 80 кг и над 80 кг), во кои ќе има по 16 натпреварувачи (така беше на ЛОИ 2016). Следен голем предизвик за Георгиевски ќе биде Светското првенство во мај во Манчестер (Велика Британија), на кое, пак, златниот медал носи 120 бода.