Гамбит Асеко СЕЕ освои седум младински титули

322
Сите победници

Гамбит Асеко СЕЕ од Скопје е најуспешен клуб на првенството на Македонија за млади во шах (од осум до 18 години), кој се одржа во Струга. Во конкуренција на вкупно 80 учесници (два помалку од лани) од пет клуба, Гамбит Асеко СЕЕ (настапи со 32 шахисти) освои седум први места, Алкалоид (31) од Скопје три, Ласкер (12) од Струга и Стево Патако (четири) од Битола по едно. Еден учесник имаше и НСФСМ.

Антон Златков, Емил Ристески и Ивана Манова (сите од Гамбит Асеко СЕЕ) ги одбранија титулите од лани во истите категории, а Јована Давиткова (Алкалоид) и Михаела Зрмановска (Гамбит Асеко СЕЕ) освоија нови, но во повозрасна категорија.