Вимблдон: Ѓоковиќ – Надал 2:1, мечот продолжува денес

94

Вториот полуфинален дуел на тенискиот Грен слем во Лондон, синоќа беше прекинат и ќе се доигра денес со почеток во 14 часот. По три часа игра, Новак Ѓоковиќ има предност на дуелот со Рафаел Надал со 2:1 во сетови.

Србинот го доби првиот сет со 6:4, Надал возврати во вториот со 6:3, а третиот беше одлучен по тај-брејк во кој Ѓоковиќ беше поуспешен со 11:9.

Веднаш по завршување на третиот сет организаторот го прекина мечот, бидејќи веќе помина 23 часот по локално време, термин по кој по традиција прекинуваат натпреварите на Вимблдон.

Претходно, во маратонски меч (6 часа и 36 минути) Кевин Андерсон го победи Џон Изнер и се пласира во финалето.

За трофејот денес (15 часот), во женска конкуренција ќе играат Анџелика Кербер од Германија и Венус Вилијамс од САД.