Вимблдон заврши за Енди Мареј, Баутиста Агут ќе му се спротистави на Ѓоковиќ

164

Супер-партнерството на Енди Мареј со Серена Вилијамс заврши во третото коло во мешани двојки на Вимблдон, откако тие загубија со 6:3/4:6/6:2 од првите носители, Бразилецот Бруно Соареш и Американката Никол Меличар.

За Серена ова не може да биде лошо, бидејќи утре ќе мора да се фокусира на полуфиналето во сингл против Барбора Стрицова, додека Мареј може да биде охрабрен со 9 мечеви во двојки по победата на Квинс клаб со Фелисијано Лопез, за да почне со вистинскиот кам-бек на тениските терени по операцијата на колкот.

Во сингл пак, Шпанецот Роберто Баутиста Агут се пласираше во полуфиналето каде што го чека светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ, откако го победи Аргентинецот Гвидо Пелја со 7:5/6:4/3:6/6:3.

Ова ќе биде прво гренд слем полуфинале за Шпанецот, но сега доаѓа вистинскиот тест во пресметката со актуелниот шампион Ѓоковиќ.