Вештачката интелигенција типува на Максим Вашер-Леграв

90
Максим Вашер-Леграв

До овој одговор дошол аналитичар во „Експлориум“, изработувајќи студија, врз база на научни и шаховски податоци, а сето тоа е пресметано од вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција (ВИ) предвиде дека во финалето на Светскиот шаховски куп (СК), кој почна вчера во рускиот град Канти Мансијск и ќе трае до 4 октомври, ќе играат велемајсторите (ВМ) Сергеј Карјакин од Русија и Максим Вашер-Леграв од Франција, а наградата од 110.000 долари ќе му припаднела на Французинот. На турнирот играат 128 шахисти од 47 држави по нокаут-систем, во седум кола, по две партии, а се можни и дополнителни со забрзано темпо на игра, ако по првите две е нерешено.

Во една пригода американскиот ВМ Весли Со рекол дека секој шахист има три отсто шанси да триумфира, што било доволно Саги Друкер, аналитичар во „Експлориум“, да изработи студија, врз база на пресметка на научните и шаховските податоци, за да се дојде до некаков одговор. Тој одлучи да искористи алгоритам за да го предвиди следниот шампион на Светскиот куп во ФИДЕ, создавајќи листа на учесници на СК, притоа собирајќи ги нивните податоци (повеќе од 120.000 одиграни партии, нивната возраст, држава од каде што доаѓаат итн., од веб-страницата на Светската шаховска федерација (ФИДЕ), збогатени со дополнителни статистички податоци, а со сето тоа го „хранел“ алгоритамот.

Во последната фаза на турнирот, според направената студија на компјутерот, ќе се најдат Лирен Динг, Сергеј Карјакин, Аниш Гири и Максим Вашер-Леграв. Во финалето ќе играат Вашер-Леграв и Карјакин, а ќе триумфира Вашер-Леграв. Дали овие прогнози ќе бидат и точни, ќе биде познато по еден месец.
Финалистите ќе се пласираат на Турнирот на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак Магнус Карлсен (Норвешка.