Вдовицата на Коби ја тужи компанијата со хеликоптерот за немарност и невнимание

136

Сопругата на Коби Брајант, Ванеса Брајант, ја тужи компанијата што го поседувала хеликоптерот, во кој беа нејзиниот сопруг и ќерката Џијана, како и уште седуммина патници, а кој на 26 јануари се сруши во близина на Лос Анџелес.

Тужбите се поднесени до судот во ЛА и тоа преку имејл, а се работи за тужби за немарност и невнимание против компанијата „Ајленд Експрес Хеликоптерс“.

Хеликоптерот се сруши поради лошите процени на пилотот Ара Зобајан, затоа што извештаите покажаа дека немало никаков проблем со моторот на леталото.

Семејствата на уште четворица патници во хеликоптерот, кои исто така загинаа при падот, се приклучија на тужбата.