Бразил без пораз триумфира во Светскиот куп

91

Машката одбојкарска селекција на Бразил го освои златниот медал на Светскиот куп (СК), кој се одржа во Јапонија, постигнувајќи стоотстотен успех со 11 победи од исто толку средби. Во последното коло тие со максимални 3-0 ја совладаа репрезентацијата на Италија. За Бразил ова е трета титула во оваа конкуренција по освоените трофеи во 2003 и во 2007 година. Бразилците беа мошне убедливи, победувајќи ги Канада (3-0), Австралија (3-0), Египет (3-1), Русија (3-0), Иран (3-1), Аргентина (3-0), САД (3-0), Тунис (3-0), Полска (3-2), Јапонија (3-1) и Италија. Полска го освои сребрениот, а бронзениот медал им припадна на САД.