Ботас победи, Мерцедес постави рекорд

105

Валтери Ботас од Мерцедес победи на трката во Јапонија во Формула 1, неговиот тимски колега Луис Хамилтон беше трет, зад Себастијан Фетел од Ферари, обезбедувајќи рекорд во Ф1 со шестата по ред светска титула за Мерцедес. На четири трки до крајот на сезоната во конкуренција на возачи води Хамилтон и единствен конкурент му е Ботас, со 64 бода помалку. Претходниот рекорд за титули во низа го имаше Ферари, со титулите од 2000 до 2004 година, јави „Би-би-си“.