Бекер со дипломатски имунитет се брани од тужби

124

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер се повика на дипломатски имунитет со цел да ги избегне тужбите против него, откако прогласи банкрот.

Бекер во април стана британски аташе во Централноафриканската Република и според неговиот адвокатски тим тоа го штити од овие тужби.

Неговите адвокати потенцираат дека Бекер како аташе за спорт, културни и хуманитарни прашања е заштитен со Конвенцијата за дипломатски односи од 1961 година.

Против него можат да бидат покренати овие правни постапки само со согласност на министерот за надворешни работи на Велика Британија Борис Џонсон или од неговиот колега од Централноафриканската Република.

Бекер, кој живее во Велика Британија, прогласи банкрот во јуни 2017 година. Поранешниот тенисер во обид да ги намали долговите продаде некои од трофеите кои ги освоил, вклучително и оние од „Вимблдон“.

Поранешниот најдобар тенисер на светот ја критикуваше стечајната постапка и изјави дека во оваа ситуација го довеле бирократи и банкари, кои сакале да му наштетат.

– Веќе имам дипломатски имунитет со кој ќе ја прекинам оваа фарса и повторно ќе можам да си го градам својот живот- истакна Бекер.

Во меѓувреме и претседателот на Централноафриканската Република изјави дека е „исклучително задоволен од фактот дека ѕвезда како Бекер ја поддржува неговата земја“.