Артемиев победи, Шариќ ремизираше, само два поена за Македонците

373
Фото: Игор Бансколиев

Многу изненадувања во партиите од денешното 1-во коло на јубилејното 20-то Европско поединечно првенство (ЕП) во шах, што во 11 кола се игра во хотел „Хилтон“ во Скопје.

Од шесте прворангирани шахисти кои имаат играчки рејтинг над 2.700 поени, само првиот фаворит, Русинот Владислав Артемиев и Белорусинот Владислав Ковалев забележаа победа, тројца, пак, меѓу кои и бранителот на титулата од минатата година, Хрватот Иван Шариќ ремизираа, а Азербејџанецот Рауф Мамедов загуби.
Фото: Игор Бансколиев
Од вкупно 24-те македонските шахисти, само двајца освоија цел поен и тоа велемајсторот (ВМ) Александар Чоловиќ кој го победи сонародникот Александар Петровиќ, додека Владимир Крстевски беше неспарен и службено освои цел поен. Неочекувано пораз претрпе ВМ Кирил Георгиев (2.595 рангиран 74-ти) од ЖИМ од Германија Филиз Османоџа (2.326, рангирана 254-та). Единствената македонска шахистка која игра на ова ЕП, Бојана Бејатовиќ (2.058) со црни фигури загуби од ИМ од Италија Лоренцо Лодичи (2.474).


На ЕП во Скопје играат вкупно 361 шахист (143 ВМ), од 42 држави. Најмногу шахисти има од Русија (47), потоа од Македонција (24), Турција (23), Србија (21) итн.

Позначајни резултати 1-во коло

ИМ Халдорсен (2.448) – ВМ Артемиев (2.736) 0-1

ВМ Томашевски (2.705) – ИМ Вармердам (2.448) реми

ИМ Козак (2.445) – ВМ Дубов (2.703) реми

ВМ Ковалев (2.703) – ИМ Мурадли (2.444) 1-0

ИМ Мазур (2.441) – ВМ Шариќ (2.703) реми

ВМ Мамедов (2.701) – ИМ Пултиневичиус (2.439) 0-1

ИМ Лучиан (2.438) – ВМ Валехо Понс (2.698) реми

ВМ Чоловиќ (2.449) – Петровиќ (1.690) 1-0

Г.И.

 

Фото: Игор Бансколиев