Алонсо е првиот Ф1-првак што ќе се трка на релито „Дакар“

30

Шпанецот Фернандо Алонсо потврди дека ќе се натпреварува на славното рели „Дакар“ во јануари 2020 година, објави Би-би-си. Алонсо (38) ќе биде првиот шампион во Формула 1 што ќе се трка на оваа традиционална трка, која првпат ќе се одржи во Саудиска Арабија. Тој изминатите неколку месеци се подготвуваше со серија трки во пустините и го опиша како „најтешкиот предизвик досега во мојата кариера“. Алонсо, кој има две титули, ја напушти Ф1 на крајот на 2018 година.