Адеми потпиша нов петгодишен договор со Динамо

158

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми ја продолжи соработката со Динамо Загреб и потпиша нов петгодишен договор.

Адеми, кој воедно е капитен на загрепскиот тим, нагласи дека воопшто не се двоумел за останувањето во клубот кој застана зад него додека ја отслужуваше суспензијата поради допинг.

– Пресреќен сум што го потпишав овој договор, а тоа покажува колку е голема љубовта меѓу мене и клубот. Во ниту еден момент не се двоумев. Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да играме во Лигата на шампионите и да освојуваме титули, истакна Адеми.

Летово за македонскиот репрезентативец интерес пројавија повеќе европски клубови, а најсериозна беше понудата од француски Лил.