Автомобилски трки на Водно

243

Во организација на АКК Примо авј Пролет на 9 и 10 јуни на Водно ќе се одржи ридско-автомобилската трка која ќе се бодува во државниот шампионат.

Двете тренинг сесии се предвидени за сабота (почеток) 10 часот, а в недела по Свечено отворање на натпреварот (11 часот) ќе се возат првата и втората трка кои ќе носат пласман.

Стартот се наоѓа пред влезот на ИЗИС, а целта пред патот за Хотел Водно. Пријавени се околу 30-ина натпреварувачи од Македонија, кои ќе бидат поделени во седум класи според моќноста на возилата.