Животни

Сибирско хаски: Многу луѓе сметаат дека сибирското хаски е најубавото куче на светот. Овие кучиња ги краси навистина величествена убавина, а привлечни се и поради нивната единствена природа, која е спој на опуштеност и спортски дух.
Германски овчар: Овие кучиња покрај тоа што се убави, ги краси и голема бестрашност, но и претпазливост, па ќе бидат резервирани кон странците и ќе им треба време да се зближат со нив. Германскиот овчар е познат и по големата самодоверба, а покрај убавината, го краси и голема интелигенција, што го прави лесен за тренирање.
Самојед: Ова бело меко куче е неверојатно слатко. Друштвени се и сакаат речиси сѐ, што ги прави погодни за семејни кучиња. Изгледаат многу среќно, а некои луѓе ги опишуваат дури и како насмеани. Имаат склоност кон лаење, па затоа некои ги користат како кучиња за претпазливост.
Пудлици: Познати се како прекрасни кучиња. Нивното кадраво крзно и уникатен изглед ги прават многу популарни. Може да бидат многу активни и бараат часови шетање секој ден. Пудлиците се исклучително интелигентна раса и лесни се за тренирање.
Златен ретривер: Влакното со прекрасна жолто-златна боја е главниот адут на златниот ретривер. Припадниците на една од најпопуларните раси во светот, мирна и блага по природа, фантастично се согласуваат со возрасните и со децата, како и со другите домашни миленици.