Животни

Иако тврдоглавоста е човечка особина, некои раси кучиња покажуваат однесувања што може да се опишат како тврдоглави. Прочитајте кои се петте непослушни раси кучиња што сакаат сѐ да биде по нивно, па затоа им треба сопственик со силна волја што ќе знае добро да ги воспита.
Јазовичар: Големо куче во мало пакување, ова е најдобриот начин да се опише темпераментниот и многу тврдоглав јазовичар. Тие се мошне независни, па нема да се плашат да се справат со пет пати поголемо куче, само затоа што мислат дека можат.
Џек расел териер: Овој палав и немирен териер лесно ќе иницира конфликт со својот сопственик доколку забележи дека е неодлучен. Овие кученца се жилави, паметни и енергични.
Аргентинска дога: Уште една раса што не е за попустливи и неконзистентни. Ова е независна раса што бара цврста рака и многу движење за да ја потроши големата енергија и да не најде начини да се забавува самостојно, што може да резултира со штета.
Шкотски териер: Тој првенствено се грижи за својот сопственик, а не се грижи премногу за луѓето надвор од неговиот внатрешен круг. Таа личност со која е приврзан треба да знае како да го одржува лидерството во однос на оваа независна раса.
Вајмарски птичар: Исклучително интелигентен, на оваа раса ѝ треба сопственик што ќе знае како да се справи со неговата остроумност и потреба од редовен и забавен тренинг. Ако не е така, тој ќе покаже колку може да биде независен и слободен.