Животни

Се одржа натпревар за избор на најгрдо куче на светот, а победата ја освои куче од мешана раса со чивава, по име Мистер Хепи Фејс. Натпреварот се одржа во Петалума, Калифорнија, а сопственичката Џенеда Бенали и нејзиното милениче ја освоија главната награда од 1.500 долари и патување во Њујорк.
Џенеда, која живее во Аризона, го посвоила ова куче пред 10 месеци. Таа барала куче што има најмалку шанси за вдомување. Мистер Хепи Фејс живеел во лоши услови додека не пристигнал во прифатилиштето. Бил запоставен и денес, на 17 години, има тумори и невролошки проблеми, носи пелени и се бори да стои или да оди исправено. Ја држи главата навалена, а кога е среќен испушта звук што потсетува на звук од мотор на камион. Овој натпревар го промовира вдомувањето кучиња, дури и оние со одредени пречки во развојот.