Животни

Лаењето на кучето може да биде застрашувачко, дури и ако знаете дека вашето домашно милениче лае само затоа што е исплашено или возбудено. За среќа, можете да го решите проблемот така што ќе му помогнете на кучето да се опушти.
Да не дозволиме кучето да лае, би било сурово и не треба да очекуваме кучето никогаш да не лае. Лаењето е еден од облиците на природна гласовна комуникација на кучињата и е адаптација на животот со луѓето. Исто така можете и постарите кучиња да ги научите да лаат помалку.
Учењето функционира на која било возраст – вели професионалната дресерка на кучиња Надја Коп.
Прво, обидете се да откриете зошто вашето куче лае. Дали причината е несигурност, агресија или возбуда? Дали вашето куче сака внимание, дали сака да ја брани својата територија или само сака да си игра? Методите се исти како оние што се користат за дресирање мали кученца, но тие ќе бараат повеќе трпение ако вашиот миленик е од оние што се навикнати често да лаат. Кога одлучувате да земете куче, имајте на ум дека некои раси на кучиња се познати по тоа што лаат почесто. Тоа е особина што можете да ја ублажите со дресура. Ако кучето лае за да ве предупреди на нешто, обидете се да го убедите дека сѐ е во ред.
Тоа ќе го направите така што ќе го испратите на неговото место. Колку повеќе работите на опуштање на вашето домашно милениче, толку помалку ќе се возбудува со текот на времето и, последователно, толку помалку ќе лае – вели Коп.