Титулата најголема мачка на светот ѝ припаѓа на расата мејн кун, која достигнува тежина од 11 килограми

Постојат многу видови мачки: мали, без крзно, брзи, мрзливи…, а во продолжение ќе прочитате кои се најголемите.
Титулата најголема мачка на светот ѝ припаѓа на расата мејн кун.
Оваа раса може да достигне тежина дури и до 11 килограми, што е многу необично кога се мачките во прашање. Меѓутоа, нивната големина е во целосна диспропорција со нивниот темперамент.

Мејн кун е најдобра мачка за чување куќа и во семејства со деца, а исто така одлично се снаоѓа со другите животни, мачки, желки и слично. Тие се мазни, нежни и дружељубиви, а гласот исто така им е нежен и топол. И кога се во прашање годините го држат рекордот, затоа што ако живеат во пристојни услови, оваа раса може да дочека петнаесет години, без многу мака.

Разиграни се и ведри мачки, многу сакаат да си играат и тоа најчесто со топка. А она што исто така е интересно е што сакаат да „зборуваат“ со луѓето. Често умеат да мјаукаат додека ве гледаат и така да ви порачаат нешто. Исклучително се интелигентни и со задоволство би помогнале ако за тоа се издресирани.

Второто место на листата најголеми мачки го делат неколку раси, а една од нив е гагдол. Тежината на мачките од оваа раса може да достигне девет килограми. Телото им е мускулесто и исклучително силно, прекриено со долго влакно. Иако се доста крупни мачки, изгледаат многу нежно, пред сѐ поради долгото бело влакно и нежно сините очи. Питоми се и дружељубиви, погодни за чување во стан, посебно ако имате деца бидејќи со нив се согласуваат одлично.

Друга раса што го дели второто место е норвешката шумска мачка, која исто така може да достигне тежина од 9 килограми. Поради краиштата од кои потекнуваат, а во кои често температурата е ниска, телото им е приспособено на пониски температури. Доста се силни, прекриени со дебело и долго влакно. Опашката им е долга скоро колку целото тело. Норвешката шумска мачка е интелигентна и одлично се снаоѓа во секакви услови. Сака да си игра и да се забавува со луѓе, а чувствителна е на врева и лошо расположени луѓе.

Следна на листата е мачката рагамaфин. Тежината од девет килограми ја носи исклучително нежна и грижлива мачка. Мирољубива е и сака да си игра, приврзана со фамилијата со која живее, а пријателски е расположена и кон другите. Вообичаено е срамежлива и потребно е покрај себе да има другар што ќе ја следи и поддржува. Има нежно долго влакно и долга густа опашка.

Третото место за најголеми мачки е резервирано за сибирската мачка. Може да достигне до осум килограми. По изгледот потсетува на мејн кун и на норвешката мачка. И тие се со долго влакно и од истиот предел. Телото им е силно, долго и мускулесто, а прекриено е со дебело влакно, кое дополнително ги прави да изгледаат дебело. Иако има опасен изглед и оваа мачка припаѓа на питомите и добри животни. Бара друштво за игра, вистински другар е и со сите се снаоѓа одлично, и со луѓето и со децата, како и со другите мачки и животни.

На четвртото место се наоѓа расата американска мачка бобтеил. Нејзината тежина може да достигне околу седум килограми. Како и кај расата мејн кун, и кај неа градбата на телото не соодветствува со темпераментот. Тие се добри мачки, сакаат да си играат, пријателски се настроени кон сите. Може да имаат и кратко и долго влакно, а бојата им варира.

Како што може да се заклучи, овие силни мачки се всушност нежни во душата. Иако сите изгледаат слично, силни, крупни и тешки, нивниот темперамент е питом и ведар. Доколку сакате да ги чувате дома имајте на ум дека им треба простор за игра и за лов. Доколку планирате да ги чувате во стан, обезбедете им простор, како за престој така и за игра и шетање, бидејќи сакаат доста време да поминат надвор. Бидете внимателни бидејќи дома рушат сѐ пред себе. Ако ги чувате надвор, ќе имате многу помалку работа.