Исто како и луѓето, кучињата можат да имаат проблеми со видот. Овој проблем може значително да го наруши нивното уживање при одење и вршење други дневни активности. Ова се пет состојки што можат да помогнат во зачувување на нивниот вид.
Рибино масло (омега 3): Може да го негува здравјето на очите затоа што содржи ДХА (докозахексаеноична киселина), која е природно присутна во мрежницата. ДХА е одличен додаток во исхраната бидејќи ја поддржува макуларната функција. Лососот и маслото од црн дроб на бакалар содржат идеално количество ДХА.
Лутеин (со зеаксантин): Има антиоксидантни својства, кои докажано ги подобруваат реакцијата на мрежницата и визуелната функција кај кучињата. Истото тоа може да се каже и за зеаксантинот, кој е уште еден каротеноид што дава слични придобивки. Двете состојки се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук.
Витамин Ц: Тој е исклучително важен оксиданс. Помага во намалување на воспалението и когнитивното стареење. Кучињата всушност можат сами да синтетизираат витамин Ц во црниот дроб, но во некои случаи се потребни додатоци.
Астаксантин: Тој е дури 6.000 пати посилен од витаминот Ц и затоа оваа состојка треба да биде задолжителен дел од исхраната на кучето.
Витамин А (бета-каротен): Мозокот користи витамин А за да го регистрира она што го гледа мрежницата. И во активна форма и во форма на бета-каротен, храната богата со витамин А (како моркови) или додатоци може да помогне во зачувување на здравјето на макулата, функцијата на мрежницата, па дури и ноќното гледање.