Многу луѓе мислат дека алергиите на миленичиња се предизвикани од влакната на кучињата или на мачките, но вистинскиот извор на алергии на домашните миленици често е протеинот што се наоѓа во плунката и урината на кучињата и мачките.
– Постојат многу погрешни перцепции во врска со алергиите и астмата. Некои раси кучиња се продаваат како хипоалергени, бидејќи не се лигават, па затоа алергенот не се испушта во воздухот или на подот, како што е случајот со кучињата што се лигават. Меѓутоа, важно е да се нагласи дека ниту една раса не е навистина хипоалергена – вели д-р Џејмс Т. Ли од клиниката „Мајо“ во Њујорк.
Ако знаете дека сте алергични на кучиња, постојат начини да ги ублажите симптомите: изберете помала раса куче, чувајте го вашето домашно милениче надвор од вашата спална соба и другите простории каде што поминувате многу време или чувајте го надвор, ако го дозволуваат тоа временските услови. Капете го кучето барем еднаш неделно за да го отстраните првутот, редовно чистете ги теписите, користете филтри за прочистување на воздухот за да го намалите количеството алергени во воздухот.
Постојат многу раси што добро се согласуваат со лицата склони кон алергии: шнауцер, малтезер, јоркширски териер, пудлица, бишон итн.
Пред да купат домашно милениче, оние што се сомневаат дека ќе добијат алергиска реакција, прво треба да поминат извесно време со кучето за да утврдат дали нивната претпоставка е точна.